Лето не е за тешка и многу калорична храна. Вашето тело доволно се мачи да ве олади од пеколната жештина, ако го оптоварите уште со тешка храна и алкохол, ќе бидете постојано исцрпени и на раб да се разболите.

Затоа треба многу да внимавате на вашата исхрана во летните периоди.

Вчерата е многу важен дел од оброците и таа треба да ви обезбеди доволно вода.

Во принцип без разлика за кое годишно доба станува збор, вечерата треба да биде во течна состојба.

Но летото е идеално да применувате храна која е во течна состојба, а при тоа е слатка и здрава!

Летото е период на лубениците и дињите, кои се на база на вода, со фруктоза и многу витамини.

Лубеницата и дињата ќе ве држат сити долго време, поради што може да ви заменат цел еден вечерен оброк.

Подгответе овошна салата со лубеници и дињи за летна вечера и почувствувајте ги придобивките од слабеење, до општо подобрување на состојбата на црниот дроб, бубрезите и срцето!