Србија ќе испрати 8.000 „Фајзер“ вакцини до Македонија, а ќе ги наплати по набавна цена.

Ова вест денеска стигна од претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој истакна дека овие 8.000 дози на вакцина се директна помош за македонските граѓани со што Србија покажува акт на пријателство на овој начин.

Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.
Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството. Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории,
објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.