ССНМ и Гласен Текстилец во периодот кој следи ќе бидат посветени на заедничка соработка и тоа конкретно на:

– иницирање заеднички активности и соработка од областа на работничките и човековите права;
– поголема вклученост и иницирање за заеднички проекти кои произлегуваат од потребите за зајакнување и унапредување на работничките права;
– можност за воспоставување редовна комуникација и учество на трибини, конференции, семинари од страна на Гласен Текстилец и ССНМ;
– промоција на солидарноста помеѓу здруженијата кои работата во областа на работнички права, афирмирање на синдикализмот и заедничко дејствување и учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на двете здруженија и работниците за кои ССНМ и Гласен Текстилец се залагаат.