Четврта година по ред, Финска го зазема првото место како најсреќна земја во светот, пред Данска, Швајцарија и Исланд, според објавениот индекс на среќа, кој рангира 150 земји.

Класификацијата поддржана од Обединетите нации е објавена од 2012 година и користи анкети на Галуп, според кои жителите треба да го изразат своето субјективно чувство на благосостојба, а овие одговори потоа се прецизираат со БДП и солидарност, индивидуални индикатори за слобода и корупција, скала до десет, пренесува агенцијата Франс Прес.

Оценките се утврдуваат според официјалната листа на 150 земји.

Србија е на 48-то место според скалата на среќата. Во регионот, Словенија е пред Србија на 29-то место, следена од Хрватска на 60-то место, БиХ на 64-то место, Црна Гора на 70-то место, Бугарија на 78-то место, Албанија на 94-то место и  Македонија на 94-то место.

Германија е на 13-то место, Канада на 14-то, Велика Британија на 17-то, САД на 19-то, Франција на 21-то, Бразил на 35-то, Јапонија на 56-то, Русија на 76-та и Кина на 84-то, според официјалната листа од околу 150 земји

Најмалку среќна земја на планетата е Авганистан.

Индија е голема светска сила со најлоша позиција, и се наоѓа на незавидно 139-то место.

Според ранг-листата, најмалку среќна земја на планетата е Авганистан со резултат 2,25, пред Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Споредувајќи ги податоците од 2020 година со претходните години за да се утврди влијанието на панемијата на коронавирус, авторите на студијата забележаа значително „зголемена фреквенција на негативни емоции во околу една третина од земјите“.