Знаеме од каде се пратени мејловите за лажните пријави за бомби во училиштата и интензивно работиме со цел да дојдеме до сторителот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ќе се анализираат причините и ќе дознаеме зошто е тоа така. Дали се политички, дали се геостратешки, можеби и бизнис причини. Во оваа фаза ние практично ги знаеме мејловите. Знаеме од каде се пратени. Ги знаеме точните податоци во оваа насока и на тоа работиме интензивно се со цел да дојдеме до сторителот – рече Спасовски.

Министерот на гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма истакна дека во најмала рака дојавите за поставени бомби во скопските средни училишта се монструозен чин и веројатно се дел од хибридните напади на кои сме изложени како држава.

Спасовски наведе дека такви напади се случувале и во нашето опкружување, но оти тоа не значи дека не треба да се спроведува интензивна истрага, пред се заради вознемиреноста и неспокојот кај децата, наставниот кадар во училиштата, но и кај родителите на учениците.

Сите капацитети кои ни стојат на располагање и човечки и материјално-технички, се ставени во функција и од државата и сите капацитети кои што можат да ни ги понудат нашите партнери ќе бидат ставени во функција, без разлика која е причината и природата на заканата – потенцираше министерот.

Оцени дека заканите за поставени бомби само ја потврдуваат важноста на заштитата од сајбер-криминалот.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Враќањето на стрелките на часовникот викендов може негативно да влијае врз здравјето
Следната статијаГрчката влада препорача ограничена употреба на апарати кои трошат многу струја од 18 до 21 часот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде