Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа.

Според весникот „Ел Паис“, заедно со зголемувањето на платите, министерството има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа.

Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени.

Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер“ зголемување на платите и „ефективни“ економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.

ИЗВОРМакпрес
претходниот член,Казна од 80 евра за лица кои управуваат со електрични тротинети на улица
Следната статијаРама: Русите кои не сакаат да војуваат добредојдени се во Албанија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде