Полицијата во Каталонија запрела човек поради возење на погрешна страна од патот, при што открила дека има мртво тело покрај себе, на совозачкото седиште.

66-годишник вчера ненадејно свртел на контролен пункт меѓу Шпанија и Франција и започнал да вози на погрешната страна од автопатот. Истражителите веруваат дека починатиот 88-годишник бил мртов околу три недели и дека возачот можеби го носел дома во Швајцарија.

Телото на мртвиот човек, за кого се верува дека бил партнер на возачот, веќе започнало да се распаѓа. Било покриено со ќебе и прицврстено со безбедносниот ремен на автомобилот, пишува Би-би-си.

Денес треба да се изврши обдукција за да се утврдат точните причини за смртта, иако истражителите не веруваат дека има докази за кривично дело.

Според картичките за патарина и потврдите за плаќање на паркинг, истражителите се сомневаат дека возачот својот мртов партнер го возел на различни места во Шпанија, па дури и во Италија.

Полицијата го уапсила возачот кој имал двојно швајцарско/шпанско државјанство. Тој во моментов се товари само за сторен сообраќаен прекршок.