За целокупното здравје на децата, но и на нас возрасните, од големо значење е дневниот внес на течности. Децата кои пијат помалку од 6-7 чаши вода дневно може да се чувствуваат поуморни, да имаат некаков вид на вртоглавица и да имаат главоболки.

Меѓутоа, што да направите ако детето не сака да пие вода? Како и повеќето деца, така и вашето сигурно повеќе сака да пие сокови, а со нив децата внесуваат непотребни дополнителни шеќери.

Избегнувајте ги и наместо тоа понудете му на детето вода.

За да го поттикнете вашето дете да пие повеќе вода во текот на денот, еве неколку совети.

  • Научете ги од мали, водата нека стане навика

Педијатрите препорачуваат да почнете да му давате вода на бебето кога ќе почнете да воведувате цврста храна.

Децата кои пијат доволно вода од мали нозе нема да ја одбијат ни подоцна кога ќе пораснат.

  • Бидете пример

Ако не пиете вода, не очекувајте вашето дете да ја пие. Бидете пример и покажете дека ја сакате водата и дека таа е нормална и редовна навика секој ден.

  • Направете распоред

Можете да воведете неколку основни рутини. На пример, штом ќе стане, нека пие вода.

Исто така, половина час пред и после оброк. Пред спиење истото.

  • Отстранете ги сите засладени пијалоци од дома

Детето ќе пие вода само кога нема друга опција. Затоа, најдобро би било детето околу себе да нема засладени пијалоци и да не се секојдневни, па водата ќе стане редовно освежување.