Брзото миење на косата, која брзо се мрсува, не е решение, бидејќи само ќе поттикне дополнително лачење на маснотии, а може да го иритирате скалпот и дополнително да го нарушите квалитетот на косата.
Обидете се да ја намалите мрсноста на косата на природен начин со еден домашен шампон. Овој едноставен и евтин рецепт може да ја одржува вашата коса чиста подолго време, но исто така ќе поттикне волумен и раст. Еве како да го направите:
Во три децилитри вода ставете две шаки свежо нане и варете на тивок оган 20 минути. После тоа, процедете ја течноста и измешајте ја со шампон.
- Ако не сакате да користите регенератор, користете сок од лимон.
Покрај овој шампон, против мрсна коса можете да нанесете и природен лосион од јаболков оцет. Измешајте две лажички јаболков оцет и малку сол во чаша вода.
Нанесете ја смесата од корен до врв по миењето и оставете да делува околу 15 до 20 минути. Исплакнете со млака вода за да се исуши, по можност природна.
Забелешка: Доколку имате чувствителен скалп, консултирајте се со дерматолог пред да користите природна козметика.