Српскиот претседател, Александар Вучиќ при своето гостување во емисијата „Кирилица“ изјави дека Србија има најниска цена на електричната енергија во цела Европа.

Тука ја имаме најниската цена на електрична енергија во Европа, пониска цена отколку што ја има Република Македонија, значјно пониска од Црна Гора, пониска од БиХ, а имаме значајно повисоки плати, изјави Вучиќ.

Вучиќ додаде додаде дека до крајот на мандатот на Владата, просечната плата ќе достигне до 1.000 евра.

Сакам да кажам и луѓето да видат дека ние тоа на извесен начин го субвенционираме тоа, притоа помагајќи го нашето население, посебно оние најсиромашните,
а она што е најсуштински е да во мандатот на новата влада, до крајот на мандатот на таа влада можеме да дојдеме до просечна плата од 1.000 евра, рече Вучиќ.