Студијата од 2019 година, во која учествуваа речиси четири милиони луѓе во САД, Канада, Скандинавија, Нов Зеланд, Австралија и Обединетото Кралство, покажа дека луѓето со домашни миленици имаат 24 отсто помал ризик од рана смрт.

  • Кучето ја намалува можноста за срцев удар

Се покажа дека ова е особено корисно за оние кои претрпеле срцев удар или мозочен удар. Тие имале 31 отсто помала веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести.

Други студии покажаа дека сопствениците на кучиња имале подобри здравствени резултати по срцев удар или мозочен удар, особено самците.

Американското здружение за срце изјави дека луѓето кои имаат домашни миленици имаат помал ризик од развој на дијабетес.

  • Кучето дава емоционална поддршка

Сопствениците на кучиња веруваат дека нивните крзнени пријатели им пружаат емоционална поддршка, особено кога се изложени на стрес, вели Меган Мулер од Американскиот институт Тафтс за интеракција меѓу луѓето и животните.

Резултатите од студиите покажуваат дека кучињата го зголемуваат доброто расположение на луѓето, а го намалуваат лошото.

Студија од 2015 година покажа дека децата со АДХД синдром (хиперактивни), кои читаат приказни на вистински животни, покажале поголем напредок во соработката, волонтерството и проблемите во однесувањето отколку малите деца со истото нарушување кои читаат кадифен миленици.

Едно истражување покажа дека децата со аутизам се посмирени и повеќе комуницираат во присуство на вистински животни отколку во играчки.