Претпладне сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во вечерните часови по котлините ќе започне да се формира магла.

Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 4 степени, а највисоката дневна ќе достигне 10 степени.