Во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.

Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места.

Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 4 степени, а максималната дневна ќе достигне 11 степени.