Лана Дел Реј, американска пејачка, неодамна доби големо признание за својата работа кога и беше доделена наградата Уметник на деценијата. Сепак, судејќи по коментарите, се чини дека ова признание падна во втор план бидејќи сите го коментираа стајлингот на Лана, која беше окарактеризирана како исклучително лош моден избор.

Големата музичка ѕвезда отсекогаш била гледана во гламурозните тоалети на светските модни куќи, па се поставува прашањето зошто Лана овој пат го одбрала овој стил на стајлинг?

Таа на настанот се појави во мини бело-зелен фустан со екстремно отворено деколте и гол стомак. Во прилог на стајлингот е голема црна јакна и долги чизми од превртена кожа.

Се претпоставува дека Лана сакала да се пошегува бидејќи тоа ни најмалку не е дел од нејзиниот стил.

Лана се обрати истата вечер и се заблагодари за критиките:

Навистина сум благодарна за сите мои признанија, и ви благодарам на сите за критиките – кои ги има многу – изјави пејачката.