Ако вашето тело има недостаток на витамин Д, како што може да укажуваат голем број симптоми, треба да размислите за додатоци во исхраната.

Експертите препорачуваат возрасните помлади од 70 години да земаат 15 микрограми витамин Д дневно, а оние над 70 години да земаат 20 микрограми.

Со други зборови, кај возрасни кои се изложени на ризик од недостаток на витамин Д, се препорачуваат превентивни дози на витамин Д кои се движат од 1.500 до 2.000 ИЕ.

Како што истакнува MindBodyGreen, витаминот Д е витамин растворлив во масти.

Ова значи дека, за разлика од некои други витамини, не се раствора кога се зема со вода. Наместо тоа, неопходно е да се земе со маснотии за правилно да се дистрибуира и апсорбира во телото.

Корисни маснотии треба да се консумираат со витамин Д. Тоа се, на пример, маслиново масло, масло од авокадо и ленено семе – вели Крауч.

Колку маснотии да земате со витамин Д? Една студија од 2013 година покажа дека храната со околу 10 грама маснотии може да биде доволна за идеална апсорпција на витамин Д.

Неколку парчиња пушен лосос, мала грст ореви или лажица природен путер од ореви измешани во утринско смути.