Во Македонија од вчера веќе дојде значително постудено време кое низ нашата држава донесе дожд, но и снег.

Во текот на целата ноќ снег паѓаше на неколку повисоки места во Македонија, а во овие моменти според камерите на „SkiMacedonia“ може да се забележи дека паѓа снег на Попова Шапка и на повисоките места во Маврово.

Снег има и на Галичица,а според метеоролозите нови врнежи се најавени и за во текот на ноќта, но и утре.

Од УХМР најавуваат и засилен, а во источните делови и долж Повардарието повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/час). Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2 за 12 часа).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

претходниот член,Автобусите на „Слобода превоз“ од денеска нема да сообраќаат поради неисплатен долг на Град Скопје
Следната статијаБелгија воведе четиридневна работна недела

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде