Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денеска нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата.

Со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите: 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73, кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП, соопшти „Слобода превоз“.

Најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив.

Исто така, ќе побараат одговори на повеќе прашања, меѓу кои и за тоа зошто и каде завршуваат прибраните средства во ЈСП од продадени билети, како и за превоз на ученици од кои приватните превозници треба да бидат исплатени.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Во ова гратче на Алјаска сите живеат и работат во една голема зграда
Следната статијаСнежна идила низ Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде