Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.

Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.

Во сабота, слично време со минимална температура од минус 5 до 2 степени и максимална од 0 до 7 степени. За недела УХМР прогнозира утрински температури до минус 8, за понеделник до минус 10, а за втриник и до минус 11.