Вестта дека млада Словенка беше хоспитализирана до смрт од мозочен удар помалку од две недели откако беше вакцинирана против „Ковид-19“ со вакцината „Џонсон и Џонсон“, ги вознемири словенечките лекари и јавноста.

Случајот со несреќната 20-годишничка за Радио Словенија го коментираше шефот на советничката група за вакцинација на словенечката влада, инфектолог д-р Бојана Беовиќ.

Ваквите несакани ефекти од вакцината се случуваат во неколку случаи на милион и ние не очекувавме такво нешто, рече Беовиќ.

Немавме сериозни предупредувања дека треба да ја ограничиме оваа вакцина. Но, овој настан е толку трагичен што е мое лично мислење дека во овој момент ние повеќе нема да ризикуваме и повеќе нема да ја користиме оваа вакцина, без оглед на различното мислење и на ЕМА и на многу други земји што го користат, додаде таа.