Седумдесет гости се собрале влера во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање поради состојбата со корона вирусот.

Од МВР информираат дека полицијата излегла на лице место, а повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид.

Против сопственикот на објектот ќе биде поднесена соодветна пријава поради непочитување на здравствените протоколи во време на епидемија.