Оризот е исклучително здрав, многу хранлив и го зајакнува организмот.

Има високо ниво на исхрана и е важен извор на сложени јаглехидрати, протеини и растителни влакна.

Има малку маснотии, но богато е со скроб што го прави лесно сварлив.

Богат е и со минерали: има најмногу фосфор (116 милиграми) и калиум, а малку помалку магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, флуор, кобалт…

Ориз
Наместо парче леб или комир изберете ориз како прилог за ручек!

Од витамини има најмногу витамин Е и Б (интегрален ориз).

Ако немате навика да подготвувате ориз, обидете се да го воведете во исхраната, повремено подготвувајќи го како прилог наместо компири или тестенини, со зеленчук, риба, пилешко.

Оризот е храна без глутен и е погодна за оние кои се чувствителни на овој протеин.

Покрај тоа, оризот го стимулира варењето на храната.

Вклучете интегрален ориз во вашето мени заедно со друга храна богата со растителни влакна и ферментирани млечни производи, за да ја подобрите цревната флора.

Идеален за чувствителни црева, белиот ориз има малку отпад што треба да се фрли по варењето, па оттаму и погрешен заклучок дека создава запек.

Неговиот скроб помага во случај на дијареја.