Цените на новите становите „експлодира” уште пред година-две па сега просечен стан во Скопје, во поширокиот центар на градот, се продава по цена 1.600 до 1.800 евра, или поскапо. Градежните компании кои ги продаваат имаат екстремно голема заработка.

Во услови на криза, прво предизвикана од пандемијата, најбрзо страдаат проекциите за капиталните инвестиции, а тоа значи помал ангажман и на градежните компании. Но, она што беше добрата страна за градежништвото во изминатиов период е градежната експанзија во однос на станбената изградба. Интересно, колку и да се градат нови станови во Скопје, за нив има интерес.

Порталот „Пари“ ги анализираше приходите и добивките на најголемите градежни компании во Македонија. Заклучокот е дека има промени во 2021 година во однос на најприходните и најпрофитабилните градежни фирми во 2020 година, но дека прометот, односно приходите на врвните 10 позиции е сличен како и лани, а истото се однесува и за добивките.

Компаниите кои се на листата со најголеми приходи, заедно оствариле промет од 144,6 милиони евра. Во 2020 година пак, тие што беа на тогашната листа ТОП 10 компании по приход остварија вкупни приходи од 149 милиони евра.