Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде што, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон киното „Фросина“, каде што ќе се одржи заедничка прес-конференција.

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лаен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија.

Фон дер Лаен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан, почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот.