Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.

Регистрирани се 363 оздравени пациенти од: Скопје – 200, Кавадарци – 28, Велес – 25, Куманово – 17, Битола – 14, Прилеп – 13, Тетово – 9, Кичево – 8, Штип и Гевгелија – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Неготино – 4, Струмица и Гостивар – по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово – по 2, Валандово, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.1.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови. Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Дали знаете зошто протеинот лактин е важна компонента во исхраната?
Следната статијаТрговци од Македонија не продавале производи по набавна цена

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде