Самоволие во Крива Паланка! Во фејсбук пост се пожали нашиот македонски граѓанин и човек кој своите тешко заработени пари во странство сакал да ги инвестира во родната Крива Паланка. Имено, тој купил деловен простор во Крива Паланка, со цел отпочнување на бизнис. На негова несреќа, токму до неговиот простор се наоѓа Кафе Бар Селект, кој својата тераса ја поставил пред прозорците на деловниот објект и со тоа КОМПЛЕТНО му го блокира излогот (што се гледа на сликите и снимките).

Тој се пожалил кај сите релевантни институции, но сето тоа е во моментов без никаква завршница, со таа цел во целост ја пренесуваме неговата објава:

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ЈАВНОСТА

Почитувани пријатели, сограѓани и надлежни институции.
Инспириран од натписите на Кафе Бар Селект поврзани со рефундирање на средства за сообраќајни прекршоци. Сакам јавно да го споделам проблемот со кој се соочувам веќе подолг период, а кој сериозно го загрозува моето право на сопственост, работење и егзистенција.
Станува збор за деловен објект кој го имам законски купено со цел да отпочнам сопствен бизнис и да вложам во мојот роден град – Крива Паланка. За жал, веднаш пред мојот објект, буквално залепено до прозорците, е поставен кафе бар (со тераса) во сопственост на член фамилијата Митовски, на актуелниот градоначалник.
Самоволие во Крива Паланка!
Оваа градба:
  • ја блокира природната светлина и целосно го затемнува објектот,
  • го нарушува нормалното функционирање и планираното реновирање,
  • НЕ Е во согласност со урбанистичкиот план, и претставува БЕСПРАВНА градба.
До денес:
  • Преку мојот адвокат поднесов жалби до сите надлежни институции.
  • МВР веќе има поднесено Кривична пријава против градоначалникот и неколку вработени.
  • Од страна на градежниот инспектор е донесено Решение за рушење на терасата, но тоа решение не се спроведува, односно сеуште се врши угостителска денјост во објект кој има Решение за рушење – очигледно поради злоупотреба на моќ и заштита на интересите на поединци.
Со секој изминат ден, јас трпам економски штети и сум спречен да започнам работа во објектот кој сум го платил со сопствени средства и визија за развој.
  •  Јавно ги повикувам институциите да постапат согласно законот.
  •  Ги замолувам медиумите и пошироката јавност за внимание и поддршка.
  •  Повикувам на еднаквост пред законот, без оглед на чии интереси се загрозуваат!
Доволно беше молчење. Сакам само фер шанса да работам и да придонесам за градот. Законот мора да важи за сите!