Самодовербата се гради со многу работа на себе и таа не значи целосно отсуство на страв и несигурност, туку правилно и структирирано справување со стравот и несигурноста.
Доколку сакате да имате успех во она што го работите и да постигнувате резултати и исполнувате цели, потребно е да работите на зголемувањето на својата самодоверба.
Неколку техники како да го направите тоа:
- Потребно е да знаете што чувствувате
Ако во моментот чувствувате страв и несигурност од нешто, потребно е тоа да го препознаете. Само кога знаете дека нешто ви е недостаток тоа можете да го надминете. Доколку стравот го криете со други емоции како бес или лажно се претставувате како храбри додека „ви гори под нозете“ никогаш нема да се соочите со него и да го победите.
Првиот чекор е нарекување на работите со нивното вистинско име.
- Слушајте се себе
Слушајте се себе и таму ќе ги најдете сите одговори. Не е важно да им удоволувате на другите и постојано да се преоптеретувате со тоа што тие очекуваат од вас и што вие треба да направите да го заслужите нивното внимание.
Едноставно бидете природни и свои и секогаш барајте ги одговорите кај себе, а не кај другите.
- Знајте дека секогаш имате простор да кажете „Не“
Вашето „Не“ може да ве ослободи од многу стресни ситуации во животот и секогаш имате право да го кажете. Не трудете се да бидете суперхерои кои без никаков проблем ги менаџираат сите животни ситуации.
Едноставно на туѓото барање кон вас нешто да направите одбијте кратко и без многу објаснување. Никој вас не ве поседува без разлика која позиција ја има во вашиот живот.