Јури Ким, амбасадор на Соединетите држави во Албанија, откри дека контингент Авганистанци ќе пристигнат во оваа балканска земја, без да наведат прецизна бројка. „Сe уште немаме точен број на Авганистанци кои привремено ќе бидат засолнати тука“, рече таа во кратката изјава за медиумите на 17 август.

Неофицијални извори за ДВ велат дека “првиот контингент ќе биде околу 300-350 луѓе. И, за неколку дена, очекуваме уште околу 800. Сe уште не знаеме како ќе напредуваат работите. Тоа е ситуација која постојано се развива”.

Хуманитарната операција е целосно во рацете на Американците. Во Албанија домаќин е Министерството за надворешни работи.

Изворите велат дека бегалците ќе пристигнат преку директен – наместо транзитен – лет од Кабул, придржувајќи се до протоколот за евакуација во слични хуманитарни кризни ситуации. Првите Авганистанци ќе бидат сместени првично во шест студентски домови во главниот град на Албанија, Тирана.

Градот Студенти нуди вкупен капацитет од околу 7.500 кревети.

Со почетокот на новата академска година, и во зависност од развојот на настаните, официјални извори велат дека Авганистанците ќе бидат преместени во хотели во крајбрежниот град Драч, 30 минути оддалеченост од Тирана.