Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.

Она што на прв поглед е забележително е дека во новиот владин состав доминираат мажите. Од 19 министерски места, само 4 се предводени од жени.

Согласно носителите на министерските, претседателските и премиерските места во Македонија низ историјата, може да се заклучи дека професијата политичар, најчесто се поврзува со мажите.

Засега во јавноста нема остри реакции за родовата нееднаквост во прераспределбата на министерските функции.