Тинејџерите сè почесто се соочуваат со проблеми со концентрацијата, а нова студија открива кои фактори навистина влијаат врз нивниот распон на внимание.

Времињата денес се поинакви и стана сосема вообичаено децата уште од најрана возраст да растат опкружени со екрани. Стручњаците постојано предупредуваат дека тоа може да има различни последици, а сега е потврдено она во што многумина се сомневаа – проблемот не се видеоигрите, туку социјалните мрежи како главен фактор што влијае врз концентрацијата кај тинејџерите.

Студијата објавена во списанието Pediatrics Open Science траела четири години и опфатила повеќе од 8.300 деца на возраст од девет до десет години. Научниците следеле колку време тие поминуваат на социјалните мрежи, гледајќи видеосодржини или телевизија и играјќи видеоигри.

Резултатите биле изненадувачки – децата кои секојдневно поминувале многу време на социјалните мрежи постепено покажувале знаци на намалување на вниманието, додека кај оние што играле видеоигри или биле љубители на Јутјуб и телевизија не биле забележани вакви проблеми.

Според стручните лица, долгото седење пред екран претставува сериозно отстапување од детските потреби за социјален контакт што се манифестира преку недоволната социјализација или забавен когнитивен, емотивен и социјален развој. Доколку се разбере дека поминувањето предлого на телефон е класично воспитно занемарување, родителите во европските земји би можеле да се соочат дури и со кривични санкции.