Познато е дека редовниот сексуален однос влијае на подобрата работа и лачењето на хормоните кои се важни за состојбата на кожата.

Истражувањата покажаа дека жените кои се сексуално активни имаат повисоко ниво на естроген, кој се зголемува за време на оргазмот, а тој е пресуден за нормално функционирање на кожата, крвните садови, фоликулите на косата…

Истовремено, за време на оргазмот се ослободуваат окситоцин и кортизол, што го намалува нивото на стрес, што доведува до послабо разградување на колагенот и еластинот, кои се клучни за добар изглед на кожата.