Зимска мусака со кисела зелка и месо ќе ви приреди вистинско гурманско задоволство.

Освен што е вкусно е и здраво!

Состојките:

1 кг кисела зелка, 2 главици кромид, 100 гр ориз, сол, бибер, масло, 400 гр мелено говедско месо, 3 јајца, 2 дл кисело млеко, 1 дл млеко.

green and brown vegetable salad in rectangular clear glass container

Подготовка:

На масло пропржете кисела зелка и сецкан кромид. Во меѓувреме, сварете го оризот и исцедете го.

Испржете го другиот кромид и додадете го меленото месо. Кога месото е пржено, извадете го од шпоретот и додадете бибер.

Промешајте едно јајце во ладеното месо. Наредете дел од зелката во подлабок сад, посипете го сварениот ориз, додадете сол и наредете дел од месото одозгора.

Повторете ја постапката додека не останете без намирници, па завршете со зелка. Изматете ги преостанатите јајца со млекото, додадете ја павлаката, измешајте добро и прелијте ја мусаката.

Печете ја муската со кисела зелка во рерна загреана на 200 степени.