По напорен и исцрпувачки ден секој од нас има потреба за некое гурманско задоволство.
Вечерата е можеби и најважниот дел од дневните оброци, затоа треба да внимаваме таа да е здрава, хранлива и нискокалорична.
Комбинацијата од домашен чипс со домашен сос од домати ќе ви ги отвори сите сетила за вкус, но пред се е здрава и свежа.
Потребни состојки за чипс:
- 2-3 поголеми компири
- Маслиново масло
Подготовка:
Компирите излупете ги и исецкајте ги на ситни парчиња, најдобро е да користите механичко сецко.
Внимавајте парчињата да бидат што е можно потенки.
Во фритеза загрејте маслиново масло на 200 степени и пуштете ги исецканиот компир.
Пржете неколку минути, по тоа компирот е поготвен за сервирање.
Потребни состојки за домашен сос од домати:
- Неколку домати
- Магданос
- Кромид
Начин на подготовка:
Кромидот внимателно исецкајте го и издинстајте го во тава.
Доматите ставете ги во тенџере со малку вода и уклучете ги да се варат.
Додадете сол и бибер по вкус.
Откако доматите ќе омекнат од варење, ставете ги во машина за мелење и смелете ги на ситно.
Додадете неколку гранчиња магдонос и издинстаниот кромид.
Оладете го состот и подгответе го за послужување.
Наздравје!