Лимонадата е омилен летен пијалок бидејќи освежува и лади за време на жештината поради нејзиниот вкус.

Покрај вкусот, лимонадата е исклучително здрава.

Меѓутоа, ако пиете лимонада секој ден, ви предлагаме да прескокнете неколку чекори во правењето, за да имате секогаш подготвена и ладна лимонада.

За почеток, исцедете неколку лимони.

Потоа истурете го исцедениот сок од лимон во калап за коцки мраз и замрзнете го.

Кога сакате лимонада, извадете две коцки и ставете ги во чаша вода и мешајте додека мразот не почне да се топи.

Ако сакате, можете да додадете и свежи листови од нане, и нема да ви треба мраз затоа што веќе ќе биде доволно ладен.