Состојки:
  • 3 лажички инстант кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 500 мл полномасно млеко
  • 4 топки сладолед од ванила
  • чоколадо
  • лажица какао во прав
  • 2 лажици чоколаден сируп
  • 80 мл слатка павлака

Изладеното млеко, шеќерот, меленото кафе и сладоледот од ванила ставете ги во миксер и оставете ги убаво да се измешаат споменатите состојки додека не добијат форма на смути.

Половина од смесата прелијте ја во чаша која претходно е украсена со чоколаден сируп. Додадете топка сладолед, малку чоколадо и посипете со какао во прав.

Изматете ја слатката павлака и додајте ја во ладеното кафе доколку сакате посладок напиток. Можете да додадете две до три коцки мраз за кафето да биде што поладно.

ИЗВОРАло
претходниот член,Бои кои ќе ја подобрат работната атмосфера во вашата канцеларија
Следната статијаКолку пари ви се доволни за удобен и безгрижен живот?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде