Здрав и вкусен оброк кој се препорачува да го внесете за време на ручек. Гответе за целото семејство!
Состојки:
- 400 гр ориз
- 1 кг пилешко
- 2 кромид
- 2 чешниња лук
- 3-4 моркови
- доколку е потребно доматно пире
- 1 дл масло
- зачини со вегета, црвена сол, црвен пипер, ловоров лист
Подготовка:
На масло се динста ситно исечен кромид и морков исечен на коцки.
Додадете го пилешкото исечено на поголеми парчиња и оставете го да се крчка.
На крај, додадете доматно пире, зачини по потреба и ловоров лист.
Варете го оризот во вода и кога ќе заврши, исцедете го и исплакнете го со ладна вода.
Посипете со вегета, сол и промешајте. Истурете малку масло во соодветен сад за печење, додадете ориз и израмнете.
Истурете ориз со зеленчук и пилешки сос. Печете во рерна 15-20 минути.