Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече „Северна Македонија – Западна Бугарија“, на што се насмеа премиерот Димитар Ковачевски.

На самитот на SEECEP во Солун во петокот, грчкиот премиер Киријакис Мицотакис, ги претставуваше македонските колеги на германскиот канцелар Олаф Шолц, Рама упадна и му рече на Ковачевски дека тој е премиерот на иднината „Западна Бугарија“.

Рама и Ковачевски беа мета на критики, поради недипломатска шега како и поради тоа што македонскиот премиер не одговори на тоа, туку само се насмеа.