Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалуваат и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, оценува министерот за правда Бојан Мариќ во објавата на неговиот официјален фејсбук профил.

Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.Судот иако е независен должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството, стои во објавата.

Оваа реакција следува по објавувањето на одлуката на Апелациониот суд да го ослободи од притвор Сашо Мијалоков на кој му се заканува 12 години затворска казна поради незаконска набавка на опрема за следење на интернет комуникација со која Буџетот го оштетил за над 800.000 евра.