Малкумина се оние кои работејќи на некој проект активно ќе работат осум часови. Не, всушност ги нема! Тоа не е возможно, дури и да мислите дека сте работеле, верувајте мозокот и телото повремено се одмарале.

Во текот на осумчасовното работење ја губиме концентрацијата, ни опаѓа продуктивноста, се намалува квалитетот на она што го работиме, често грешиме, не обрнуваме доволно внимание, а и сето ова остава тешки последици на нашето здравје.

Секое седење на компјутер кое е подолго од 3-4 часа предизвикува симптоми на физичка нелагода и ментален замор. Работниците тогаш ја губат нивната способност да ја извршат квалитетно својата работна задача. Идеално би било после три часа работа да направите нешто сосема друго, бидејќи на овој начин му се дава можност на мозокот да ја собере потребната сила.

  • Што ја зголемува продуктивноста

Промената на активностите или одморот ја зголемуваат продуктивноста бидејќи на тој начин се спречува падот на енергијата. Во реалноста, повеќе работници се приморани да работат иако нивото на ментална енергија е ниско. Затоа такви се и нивните резултати. Монотонијата ја попречува креативноста.

  • Кое е решението?

Идеално е да го поделите работниот ден на неколку сегменти. Некои компании ја проучија сериозноста на овој проблем, па затоа во своите канцеларии вметнаа топол оброк, фитнес центар и катчиња за релаксација. Проблемот е во тоа што овие работи се скапи за работодавецот, а и повеќето имаат средства но не сакаат ова да го спроведат, сметајќи дека тие ги плаќаат вработените за да работат, а не да се релаксираат.

Би било одлично доколку може да се скрати ова осумчасовно работење, тогаш работниците би биле повеќе одморени и при извршување на работните задачи би обезбедиле поголем квалитет. Се до овој момент, ние работниците, на секои два до три часа ќе се обидеме да направиме мала пауза со цел да си ја повратиме силата.