Несомено автоматизацијата на работните места станува се поактуелна тема на којашто има многу анализи за тоа кои професии би можеле да бидат погодени од истата.

Имено, работниците со понизок степен на образование, како и оние кои извршуваат рутински работни задачи, како касиери/ки или организаторите на документи, се соочуват со најголем ризик да бидат заменети од роботи.

Сепак, се очекува автоматизацијата да има широкопојасен ефект. Истражувачите проценуваат дека некаде од 9 до 47 % од работните места можат да бидат автоматизирани во иднина.

Во Македонија малку се зборува за автоматизирањето на работните места, иако неминовно е и кај нас да се пренесе овој „феномен“ во иднина.

Во САД, за да подобро го разберат ефектот од автоматизацијата, федералните агенции работат на собирање на повеќе информации за тоа како истата ќе влијае врз работната сила.

На пример, Министерството за труд на САД планира да собере информации од повеќе индустрии, меѓу кои: трговската, здравствената и транспортната, за да дознае повеќе околу автоматизацијата и нејзиниот ефект врз овие индустрии.