Успехот не е случајно и тој не ви паѓа од небо. Зад секој успех се крие многу труд и макотрпна работа.
Иако во денешно време често успехот е толку страсно посакуван да луѓето се спремни да газат преку лешеви да дојдат до него, сепак успешните луѓе имаат етички принципи до кои се држат и не играат „валкано“.
- Не озборуваат колеги и си ја гледаат само својата работа
- Им помагаат на другите луѓе наместо да им поставуваат стапици
- Не се споредуваат со другите, фокусирани се од своите дела да направат што е можно подобри резултати
- Сакаат признанија, но не се разочаруваат ако некогаш не ги добијат
- Ги почутуваат повозрасните и поискусните колеги од кои навистина има што да се научи
- Не дозволуваат приватниот живот да им го попречи професионалниот и обратно
- На другите луѓе им посакуваат успех како и на себе, а не неуспех
- Не ги понижуваат подредените и секогаш со многу срдечност им се обраќаат
- Свесни се за своите доблести, но и за своите недостатоци
- Имаат безгранична слобода и не се подготвени да ја подарат за повисока плата или унапредување, важно им е да бидат свои!