Успехот не е случајно и тој не ви паѓа од небо. Зад секој успех се крие многу труд и макотрпна работа.

Иако во денешно време често успехот е толку страсно посакуван да луѓето се спремни да газат преку лешеви да дојдат до него, сепак успешните луѓе имаат етички принципи до кои се држат и не играат „валкано“.

  • Не озборуваат колеги и си ја гледаат само својата работа
  • Им помагаат на другите луѓе наместо да им поставуваат стапици
  • Не се споредуваат со другите, фокусирани се од своите дела да направат што е можно подобри резултати
  • Сакаат признанија, но не се разочаруваат ако некогаш не ги добијат
  • Ги почутуваат повозрасните и поискусните колеги од кои навистина има што да се научи
  • Не дозволуваат приватниот живот да им го попречи професионалниот и обратно
  • На другите луѓе им посакуваат успех како и на себе, а не неуспех
  • Не ги понижуваат подредените и секогаш со многу срдечност им се обраќаат
  • Свесни се за своите доблести, но и за своите недостатоци
  • Имаат безгранична слобода и не се подготвени да ја подарат за повисока плата или унапредување, важно им е да бидат свои!
ИЗВОРМој збор
претходниот член,Почнува периодот на „дожд од метеори“
Следната статијаКовачевски го осуди вчерашното отворање на културниот клуб „Цар Борис Трети“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде