Претседателот на Русија Владимир Путин и нареди на владата следната недела да започне „масовна“ вакцинација за коронавирус, бидејќи Русија се обидува да ја зголеми достапноста и вниманието за својата вакцина „Спутник-V“.

Наредбата на Путин, дојде неколку часа откако Британија соопшти дека ја одобри вакцината. Путин во август го зачуди светот објавувајќи дека владата ја одобрила првата вакцина за коронавирус во светот.

Иако вакцината сè уште не беше подложена на клучно тестирање во третата фаза и беше аплицирана само на неколку десетици луѓе.

Истражувачите првично објавија малку податоци во јавноста што може да бидат прегледани или испитани од независни научници.

Оттогаш, неколку западни биотехнички компании објавија ветувачки, проверливи резултати, вклучувајќи ги Фајзер и Бионтек – американско-германскиот тим кој стои зад британската вакцина.