Луѓето не можат да синтетизираат витамин Ц во телото, па затоа е суштински дел од исхраната. Го има во многу намирници, а се продава и како додаток во исхраната.
Тој е исклучително важен за човечкото тело, а акутниот недостаток на витамин Ц може да доведе до развој на скорбут.
До крајот на 18 век, многу морнари кои оделе на долги патувања по море имале малку или воопшто не внесувале витамин Ц и често пати од скорбут, но скорбутот е сè уште можен и денес.
Секако, скорбутот е многу поретка појава во денешно време, но факт е дека има голем број на намирници кои мора да бидат дел од вашата секојдневна исхрана за да се осигурате дека немате недостаток од овој важен витамин, пишува Живим.
Поради својата улога како антиоксиданс, како и улогата во имунолошкиот систем, витаминот Ц се препорачува и како начин за превенција и лекување на разни болести. Британскиот здравствен систем (NHS) предупредува дека скорбут се јавува доколку нема доволно витамин Ц во исхраната најмалку 3 месеци.
За среќа, дури и луѓето кои не јадат особено здрава храна обично не се изложени на ризик од развој на скорбут.
Сепак, постојат неколку фактори кои го зголемуваат ризикот од развој на скорбут, а тоа се отсуството на свежо овошје или зеленчук од исхраната во подолг временски период, анорексија или долготрајна зависност од дрога или алкохол што влијае на вашата исхрана.
Исто така, пушачите се изложени на поголем ризик бидејќи пушењето ја намалува количината на витамин Ц што телото го добива од храната што ја јадете. А пасивното пушење исто така може да го намали нивото на витамин Ц во телото. Ако сте бремени или доите, на вашето тело му треба повеќе од овој витамин во овие услови.