Ако готвењето ви стана само обврска за вас, застанете, организирајте ги мислите и свртете ја ситуацијата.

Мартин Престон, психолог за ментално здравје во Фондот за ментално здравје Бирмингем и Солихал, тврди дека може да биде корисно ако свесно го претворите во уживање.

Ова се заклучоците до кои дошол за време на истражувањето:

  • Го намалува стресот и вознемиреноста

Готвењето, според овој психолог, може да помогне во намалување на хормоните за стрес – кортизол и адреналин, и има силно влијание врз подобрувањето на квалитетот на спиењето и имунитетот.

  • Ја зајакнува самодовербата

Кога подготвувате ручек, се чувствувате корисни, бидејќи храната е една од важните работи во нашите животи. Чувството дека сте го задоволиле вашето семејство или гостите со вашата работа, секако дека може позитивно да влијае на вашата самодоверба.

  • Ја поттикнува креативноста

Кога украсувате колачиња или рафинирате рецепт, тоа има позитивен ефект врз вашиот мозок, а во исто време може да ја намали нервозата и стресот и да го подобри вашето ментално и физичко здравје, пишува 24sata.hr.

  • Помага да се создадат блиски односи

Готвењето дава чувство на сигурност, доверба и припадност, особено кога целото семејство или повеќето од неговите членови се вклучени во активноста. Емоциите што се развиваат додека се подготвува храна заедно може да помогнат да се формираат силни и здрави односи, вели Престон.

  • Зајакнување на физичкото здравје

Некои активности во кујната, како што се месење леб, развивање тесто и чистење на кујната по готвењето, имаат корисен ефект врз зајакнувањето на физичкото здравје.