Не е многу чудно што решението за една од најголемите женски “маки” во домаќинството, миењето садови, го пронајде жена.

Оваа домаќинка, која живееше во едно мало гратче во САД секоја вечер угостуваше луѓе во нејзиниот дом.

Единствениот проблем беше што таа сфати дека и остануваат премногу садови за миење после ваквите забави, но и кревкоста на нејзиниот скапоцен порцелан, кој домаќинките честопати го кршеа за време на миењето.

Бидејќи потекнувала од семејство на инженери, започна да работи на машина што може да ја заврши работата за миење садови побрзо и побезбедно.

Таа ја забрза својата работа по смртта на нејзиниот сопруг, кога останаа без пари и бараше начин да си ја олесни работата.

Декември 1886 година, 47-годишна вдовица ја патентираше првата машина за миење садови.

Поминала часови и часови размислувајќи, сите четири години кои и биле потребни за да ја реализира својата идеја.
Машината за миење садови денеска е дел од најголем број на домаќинства во Македонија

Машината се состоеше од дрвено корито во кое беа поставени садови на кои се излеваше вода од рачно управувана пумпа.

Петнаесет години подоцна Л.А. Александар патентирал уред што користел рачна рачка и опрема за влечење решетка за садови низ водата, но ниту овој патент не се покажал како многу успешен.

Нејзиниот пронајдок, дизајниран во барака во дворот, се состоеше од дрвено тркало и бакарен котел во кои имаше неколку метални мрежи во кои беа поставени садови.

Машината ја стартуваше мотор, а водата со сапуница влегуваше под притисок.

На почетокот, машината не наиде на голем одзив, пред се поради нејзината гломазност.

Пресвртот се случи во 1893 година, по Светскиот саем во Чикаго. Хотели и ресторани започнаа да нарачуваат машина за миење садови од нејзината компанија.

Продажбата продолжи дури и по нејзината смрт. Машините за миење садови влегоа во поширока употреба само во 60-тите години на минатиот век.