Оваа салата е богата со протеини и омега три масни киселни, поради што можете да ја конзумирате и како главно јадење.
Оброкот кој може да го замените со оваа салата е ручек. Ручекот е идеално време за внес на поголема количина протеини и здрави масти.
Компоненти:
- 1 голема конзерва туна
- 1 краставица со средна големина
- 1 авокадо
- ¼ виолетов кромид
- 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
- сол и бибер по желба
- свежи лисја од магдонос
Подготовка:
1. Исцедете го маслото од туна или саламурата од конзервата.
2. Исчистете ја краставицата и исечете ја на помали коцки.
3. Излупете го кромидот и исечете го на тенки ленти или коцки.
4. Отстранете ја семката од авокадо и излупете го и исечете го на помали парчиња.
5. Во еден сад измешајте ги сите состојки, додадете ситно сечкан магдонос, сок од лимон, сол и бибер.
6. Послужете веднаш со гарнир по желба.
Наздравје!