Откако владата на Словенија објави дека поради зголемен број на инфекции со КОВИД19 мерките за здравствена заштита ќе бидат поригорозни.

Во текот на вчерашниот ден на социјални мрежи се појавија снимки од протести на незадоволни граѓани по повод објавата на владата за поголеми рестрикции во справување со епидемијата.

Од сведоците на настанот, кој се пренесуваше во живо на социјалните мрежи се наведува дека во текот на протестот, дошло до судир помеѓу полицијата и демонстрантите, а полицијата реагирала со водени топови со цел протерување на толпата.