Вчерашниот протест во Скопје беше одржан против воведување на ковид сертификатите и новите мерки кои незадоволните граѓани ги сметаат за „мерки за присилна вакцинација“ а не епидемиолошки мерки за заштита на населението од заразни болести.

Паралелно со вчерашниот простест во Скопје се одржа и протест во Заграб, при што беше побарано укинување на ковид сертификатите како услов за обавување работа или движење низ угостителски објекти и моловите.

Масовни протести изминатите неколку недели ја обележаа и Љубљана со слични барања за укинување на мерките кои континуирано се зголемуваат.

Во исто време СЗО бара од националните влади во Европа да воведат поригорозни мерки бидејќи се очекуваат нови мутации и бранови на ковид кои ќе ги оптоварат здравствените системи на националните влади.

Според статистиките на СЗО, во моментов Европа е најмногу засегната од ковид пандемијата.