Лабораторијата во Владивосток развива хипер-реална кожа за хуманоидни роботи, користејќи специјални полимери и 3Д печатење.

Проектот на Промобот вклучува развој на метална конструкција и софтвер за контрола на движење и комуникација.

-Нашата цел е да создадеме роботи, не само реални по изглед, туку и привлечни, во естетска смисла, рече шефот на лабораторијата, Петр Чегодајев, пренесува „Објектив“.

Промобот е основан во 2015 година и стана еден од најголемите производители на роботи во Русија.

Потсетуваме дека Русите не се единствените кои работат на софистицирани машини за хуманоиди и имавме можност да ја запознаеме Софија порано.

На светската јавност и стана позната по изјавата дека „ќе го уништи човечкиот род“.

Нејзините креатори, Хансон Роботикс, објавија план за производство и пласман на илјадници роботи до крајот на 2021 година, што ќе го обезбеди општеството на социјално изолирана популација.