Производителот на лекови Мерк во понеделникот побара од американските регулатори да одобрат пилула против коронавирусот, што ќе му даде на глобалниот арсенал против пандемијата целосно ново оружје, пишува Хафпост.

Доколку биде одобрена од Администрацијата за храна и лекови, и одлуката може да падне за неколку недели, тоа ќе биде првата препознаена пилула за лекување на инфекција „Ковид-19“.

Луѓето би можеле да ја земат оваа антивирусна пилула дома за да ги намалат симптомите и да го забрзаат закрепнувањето.

Ако се покаже ефикасно, треба да ги олесни преполните американски болници и да помогне да се намали бројот на случаи во посиромашните земји со слаб здравствен систем.

Со воведувањето на оваа пилула, конечно ќе биде можен двостран пристап кон пандемија: третман и превенција од лекови, пред се вакцинација.

ФДА внимателно ќе ја проучи безбедноста и ефикасноста на лекот наречен Молнупиравир пред да донесе одлука.